Лазаров го објави поширокиот список за баражот со Романија

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за бараж двомечот против Романија за пласман на Светското првенство 2023 година во Полска и Шведска.

На списокот има 35 повикани ракометари, а во двомечот ќе настапи и Лазаров кој поради повреда не можеше да им помогне на своите играчи на Европското првенство во Унгарија каде Македонија заврши на последното место во групата со биланс од три порази. Во списокот го има и Филип Миркуловски кој по завршувањето на еврошампионатот најави дека баражите ќе бидат последните на кои ќе настапи во дресот со националните бои.

Првиот натпревар ќе се одигра во Скопје на 17.03.2022 во 19.00 часот, а реваншот е два дена подоцна во Букурешт.

Се вчитува...