Лазаров го објави поширокиот список за СП 2022

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров го објави поширокиот список за престојното Европско првенство кое ќе се одржи во Унгарија и Словачка. Истиот брои 35 имиња, кои дополнително ќе бидат скратени пред почетокот на континенталното натпреварување.

Интересно е тоа што четири ракометари (браќата Петар и Павле Атанасијевиќ, Емилијан Ѓорговски и Давид Савревски) отпаднаа од самиот почеток поради неисполнување на барањата на ЕХФ за учество на ЕП 2022 година кои налагаат ракометарите да бидат вакцинирани или да го имаат прележано Ковид-19, а нема да биде дозволен настап на невакцинирани играчи дури и со негативни ПЦР тестови.

Како потсетување, Македонија на ЕП 2022 во групната фаза ќе се сретне со Словенија, Црна Гора и Данска. Натпреварите ќе се играат од 13. до 17. јануари, а во главната рунда продолжуваат првите две репрезентации.

Се вчитува...