Лазаров го одбра составоот за Данска – Кам-бек на Миркуловски, отпаднаа Серафимов, Кизиќ, Мишевски…

Кирил Лазаров ги одбра 16-ракометари со кои ќе ја стартува мисијата како селектор на ракометната репрезентација на Македонија. За вечерашниот натпревар против Данска својот кам-бек во националниот тим ќе го има Филип Миркуловски, а ново име во таборот е 20-годишниот Игор Ѓорѓиев кој игра во Голден Арт.

Од последниот филтер отпаднаа Мартин Серафимов, Горан Крстевски, Марко Мишевски, Димитар Димитриоски, Марко Кизиќ и Михаил Аларов. Димитроски поради повреда нема да настапи, додека Мишевски се уште се опоравува од коронавирусот.

Се вчитува...