Лазаров го скрати списокот за баражите со Романија

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров го скрати списокот за бараж двомечот против Романија за пласман на Светското првенство 2023 година во Полска и Шведска.

Селекторот Кирил Лазаров од списокот на кои се наоѓаа 35 играчи, одбра тим од 21 ракометар со кој на 17. март во Скопје ќе и се спротивстави на селекцијата на Романија. Дејан Манасков и дефинитивно нема да биде подготвен за овој меч поради тешката повреда поради која паузира од минатата година, додека поради повреда отпадна и ракометарот на Еурофарм Пелистер, Мартин Велковски за кого заврши сезоната.

Во репрезентацијата се враќаат Никола Маркоски и Томи Јагуриноски, а за сениорската репрезентација на официјален меч би можел да дебитира Павле Атанасијевиќ. Новитет е и Марко Стојковиќ, пикерот на Алкалоид кој е во дефанзивната формација заедно со Михајло Младеновиќ.

Собирот е закажан за 13. март во 20 часот во хотел „Александар Палас“ во Скопје. Првиот меч ќе се игра на 17. март во Скопје, додека реваншот во Романија е два дена подоцна.

Се вчитува...