Лазаров го скрати списокот за Чешка

Кире Лазаров денеска го објави и скратениот список на ракометари од баражот против Чешка за СП 2023, во пресрет на дуелот што ќе го играме во Злин наредната среда, потоа и реваншот во Скопје на 17 април.

По поширокиот список објавен минатата седмица, Лазаров денеска ја објави листата од 23 ракометари кои ќе се појават на подготовките, чиј старт е закажан за 9 април (сабота).

На списокот очекувано нема изненадувања, а добра вест е што Лазаров ќе може да смета на младиот бек на Еурофарм Пелистер 2, Павле Атанасијевиќ, кој ги надмина проблемите со повредата заработена пред десетина дена.

Првиот натпревар ќе се одигра во Злин, Чешка на 13.04.2022 во 20:15 часот, а реваншот е на 17.04.2022 во Скопје во 19:00 часот.

Се вчитува...