Лазаров и Нант без проблеми против Шартр

Кирил Лазаров и неговиот Нант стигнаа до лесна победа во францускиот шампионат откако на домашен терен триумфираа над Шартр со 33-28. Домаќините уште од стартот го контролираа натпреварот и веќе на полувреме имаа плус шест 20-14.

До крајот само рутински го приведоа мечот за нова победа во домашниот шампионат. Кирил Лазаров немаше баш најдобар ден бидејќи постигна само еден гол од пет упатени удари.

 

 

Се вчитува...