Лазаров и Нант им се вратија на победите

Кире Лазаров и Нант конечно ја прекинаа мини-серијата од слаби игри во француското првенство (еден бод во последните две кола), па вечерва се вратија на победите, триумфирајќи на гостувањето против Тулуз со 29-33.

Пресудно се покажа првото полувреме во кое Нант стигна до водство од 15-19, разлика што гостинските ракометари ја задржаа до самиот крај. Тулуз се приближи на 22-23 во второто полувреме, но Нант одовори со три гола во серија, со што практично беше одбиен налетот на домаќините и трасиран патот до победата.

Кире Лазаров имаше скромен ефект постигнувајќи само еден погодок од два шута кон противничкиот гол. Најефикасни во таборот на Нант беа Мин со седум и Ривера со пет постинати гола.

Се вчитува...