Лазаров и Нант подобри од Кретеј

Кирил Лазаров и Нант стигнаа до рутинска победа над Кретеј од 27-25 во првиот натпревар по репрезентативната пауза. Домаќините во првото полувреме направија предност од четири гола разлика (15-11), која на крајот се покажа како доволна за нов триумф во францускиот шампионат.

Кирил Лазаров натпреварот го заврши со еден постигнат гол, а најефикасни во победничкиот табор беа Овничек и Пехмалбек со по четири гола.

 

 

Се вчитува...