Лазаров и Нант пресилни за Сан Рафаел

Нант Кирил Лазаров и Нант врзаа две победи во францускиот шампионат откако вечерва славеа на гостувањето против Сан Рафаел со резултат 26-28.

Четвртфиналистот во Лигата на Шампионите имаше големи проблеми во првото полувреме, па Лазаров и соиграчите заминаа на одмор со негатива од три гола (13-10). Сепак, нападот на Нант профункцинира во второто полувреме, кога гостите постигнаа дури 18 гола и направија целосен пресврт, за победа на ова незгодно гостување.

Македонскиот ас го заврши натпреварот со четири погодоци (два од пенал), а исто колку него постигнаа и Ривера, Монар, Мин и Пешламбек.

Се вчитува...