Лазаров и Нант редат победи во Франција

Кире Лазаров и Нант ја забележаа и петтата победа во низа во француското првенство, славејќи со 29-25 над Данкерк за зацврстување на второто место на табелата, зад „недопирливиот“ ПСЖ.

Како клучен се покажа почетокот на второто полувреме, откако Данкерк на одмор замина со водство од 12-14, гостите повеќе од пет минути не можеа да го совладаат голманот Нилсен, Нант го искористи тоа и со серија од 4-0 го сврте резултатот во своја полза, одржувајќи ја предноста до конечните „плус четири“.

Лазаров немаше свој ден, останувајќи без ниту еден постигнат гол од двата обиди што ги упати, а најефикасни во таборот на Нант беа Персон, Ривера и Мин со по пет погодоци.

Се вчитува...