Лазаров и Нант се „сопнаа“ дома

Кире Лазаров и ракометарите на Нант претрпеа неочекуван пораз на домашен терен од Сан Рафаел (27-32), резултат со кој тимот на македонскиот ас си ги сведе на теорија шансите за освојување на второто место на табелата.

Нант на хартија важеше за фаворит на овој меч, но гостите предводени од голманот Попеску одлично го отворија наптреварот стигнувајќи до солидна предност. Сан Рафаел имаше позитива од 12-16 на полувремето, но Нант експресно успеа да се врати израмнувајќи на 20-20. Сепак, Лазаров и соиграчите не успеаја да го задржат високото темпо до самиот крај, следеше нова серија на гостинските ракометари, кои овојпат ја задржаа предноста до самиот крај и конечните 27-32.

Кире Лазаров го заврши мечот со три гола од пет обиди, Балагер со седум гола беше прв стрелец кај Нант, додека најдобар поединец во победничкиот состав беше Кошету со десет постигнати гола.

Се вчитува...