Лазаров и Нант со изненадувачки пораз на стартот на новата сезона во Франција

Кире Лазаров и неговиот Нант изненадувачки со пораз од Сесон на гости од 29-27 ја стартуваа новата сезона во најсилната француска ракометна Лига. Во првото полвуреме Нант беше подобар противник и на пауза замина со предност од 13-15. Во вторите триесет минути следеше пад по кој аутсајдерот успеа целосно да се врати во мечот и на крајот да стигнат до сензационална победа од 29-27.

Лазаров натпреварот го заврши како најдобар стрелец на својот тим со шест постигна гола, но дури пет од нив беа од пенал.

Се вчитува...