Лазаров и Нант во победничка серија во Франција

Нант триумфираше со убедливи 25-32 на гостувањето против Шамбери, стигнувајќи до бодови со кои тимот на Кире Лазаров се искачи на второто место на табелата.

По триумфите на двете средби со Сан Рафаел во претходните десетина дена, избраниците на тренерот Ентрериос вечерва лесно го скршија отпорот на Шамбери, прекинувајќи ја серијата од две победи на оваа екипа. Првото полувреме заврши со водство на Нант од 15-17, за отпорот на домашниот состав да биде скршен во вторите 30 минути.

Кире Лазаров го заврши натпреварот со два гола од три обиди, а најефикасни во таборот на Нант беа Мин со шест и Овничек со пет погодоци.

Се вчитува...