Лазаров: И овој фајналфор ќе го решат голманите!

Кире Лазаров во последните седум-осум години е еден од најредовните учесници на фајналфор турнирите, па македонскиот капитен се врати во Келн и како член на Нант. Францускиот клуб ниту еднаш досега немаше стигнато волку далеку во ЛШ, но ангажманот на Лазаров и на уште неколку квалитетни играчи придонесе Нант да се вмеша во битката за тронот на Европа.

„Ова сигурно е голем успех за Нант како клуб. Имавме добра сезона, на момент бевме и среќни, но исто така поседуваме и голем квалитет. Верувам во моите соиграчи, целиот тим има карактер и никогаш не се предава“ – вели Лазаров.

Како еден од најискусните кога станува збор за овие нокаут натпреварувања, македонскиот „бомбардер“ знае и што ќе биде решавачко на средбите во „Ланксес арена“.

„Како и секогаш, ќе решаваат голманите. Тоа е редовно така на фајналфор турнирите“ – открива Кире Лазаров.

Се вчитува...