Селекторот Кире Лазаров е претпазлив во пресрет на денешниот дуел со Литванија, клучен натпревар за пласман на ЕП 2026 (18 часот, сала „Јане Сандански“).
Македонија брка победа од најмалку два гола разлика за да обезбеди пласман на европскиот шампионат и да го продолжи континуитетот од настапи на големите натпреварувања. Убедливата победа над Естонија во Талин уште повеќе ја крева атмосферата во пресрет на денешниот дуел, но Лазаров предупредува дека мора да се биде внимателен, особено во запирањето на транзицијата на Литванците.
„Играме многу важен натпревар за пласман на големо натпреварување. Треба да бидеме константни во текот на сите 60 минути. Литванија има одлична транзиција и треба да бидеме поготово добри во враќањето назад. Нашата предност е домашниот терен и нашите навивачи. Натпреварот ни е подготвени и ќе се бориме до крај“, изјави Кирил Лазаров пред денешниот меч.
Тој уште еднаш предупреди дека противникот воопшто не е наивен, иако Литванија не важи за ракометна нација.
„Кога ќе кажете Литванија, мислите на кошарка, а не на ракомет, но не е така. Имат искусни играчи кои играат во добри клубови. Против нив очекувам еден врвен меч и добар ракомет од двете страни Но, одиме чекор по чекор – прво одиме на Естонија, потоа на Литванија“, изјави Лазаров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА