Лазаров избра 21 играч пред двомечот со Финска и со Швајцарија

Селекторот Кире Лазаров го скрати списокот на играчи за завршницата од квалификациите за ЕП 2022, избирајќи 21 ракометари што ќе бидат во комбинација за настап на дуелите со Финска и со Швајцарија.

Сениорите прво ќе гостуваат во Рихимаки, Финска на 28.04.2021 (среда), а на 02.05.2021 (недела) во CЦ “Јане Сандански” против Швајцарија ќе го одиграат последниот натпревар од квалификациите за пласман на EURO 2022.

Лазаров покрај избраните ракометари, на списокот остави и тројца резервни играчи, и тоа Кукулоски и Цветан Кузмановски од Еурофарм Пелистер и Павле Атанасијевиќ од Еурофарм Пелистер 2.

Се вчитува...