Лазаров: Израел за момент не изненади, но успеавме да обезбедиме победа за уште поголема самодоверба – Пешевски е добро и се враќа на тренинг утре

Ракометната репрезентација на Македонија успеа да обезбеди уште една победа од 31-28 на пријателскиот натпревар против Израел, претпоследен што нашите ракометари ќе го играат пред почетокот на ЕП 2022.

Селекторот Кире Лазаров по победата истакна дека е задоволен од прикажаната игра, иако потенцираше дека Израел на момент ги изненадил нашите момци. Кире се осврна и за ракометарите кои имаа настинки и поради што не можеа да бидат дел од тимот вечерва, но најави дека наскоро ќе бидат комплетни.

„Не изненади Израел, играат добар ракомет, но успеавме да ги победиме иако имавме слаби страни. Победата е добредојдена и позитивна, имаме време да ги поправиме недостатоците. Ваквите натпревари носат уште поголема самодоверба. Што се однесува до Жарко Пешевски тој е добар, уште утре треба да се приклучи на тимот. Имаше температура и поради тоа не сакавме да ризикуваме, дури дванаесет ракометари ги фати грип, но наскоро ќе се комплентираме“, потенцираше Лазаров.

Инаку, Македонија и Израел утре ќе го одиграат и вториот пријателски дуел од овој двомеч, средба што ќе претставува „генералка“ за нашите ракометари пред патот за Унгарија.

Се вчитува...