Лазаров: Ќе се памети дека е победа над Грција, на ЕП треба многу подобро

Македонската ракометна репрезентација како првоплсирана во квалификациската група го завршува циклусот за пласман на следното Европско првенство. Капитенот Кирил Лазаров е свесен за недостатоците во играта, но вели се памети резултатот.

„Не брилиравме, имаве изморени, дел неискусни и дел повредени играчи. Ова не е најдоброто од нас. Знам дека можеме повеќе. Сепак, резултатот е тој што се памети. Македонија повторно е на Европско првенство и стандардно во јануари, во зимскиот период сите пред ТВ, а фалангата со нас“ – изјави Лазаров по натпреварот со Грција.

 На помладите играчи да не им велиме постојано дека се млади, во репрезентацијата, нема млади стари, има добри и лоши играчи порачува капитенот во пресрет на она што го очекува нашиот национален тим.

„Треба да се направи добра анализа, имаме многу за поправање, јас секогаш сум за соврешенсто, треба да се биде амбициозен, не треба да бара, алиби. И Франција и Германија се млади репрезентации , играчите им се на возрат како нашите, а веќе брилираа, нема млади и стари, има добри и лоши. Ако постојано им велиме дека се млади брзо ќе им помине времето“.

 

Се вчитува...