Лазаров: Ќе сторам се за ова да не ми биде последен фајналфор

ЕКИПА во Келн,

Стеван Цаневски, Игор Паневски

Кире Лазаров немаше среќа на својот последен фајналфор во дресот на Барселона да се израдува и на втората европска круна во кариерата. Македонскиот капитен претрпе два порази и како четвртопласиран го напушта Келн, но Лазаров како голем спортски оптимист не ја губи желбата дека повторно ќе дојде меѓу европската елита, како член на неговиот нов клуб Нант.

Ова ми беше петти фајналфор во кариерата и слободно можам да кажам најдобар по квалитет од сите претходни. Денеска против Веспрем не одигравме онака како што знаеме и умееме, му дозволивме на противникот да влезе во ритам во нападот, а со толку многу примени голови не може да се надевате на успех на меч од фајналфор во Лигата на шампионите. Ова ми беше последен европски меч со Барса, со себе носам бројни прекрасни спомени, пред се освоената европска титула во 2015 и двата трофеи светски првак. Собрав големо искуство што ќе се обидам да го пренесам и во Нант, можам да кажам дека ќе сторам се што можам за ова да не ми биде последен настап на еден фајналфор турнир од Лигата на шампионите“ – истакна Кире Лазаров.

Се вчитува...