Лазаров ќе тестира против Србија, Џерона го објави списокот

jono3

Ракометната репрезентација на Македонија на 19 и на 20 јуни ќе одигра две контролни средби против селекцијата на Србија, како дел од најавите на Кире Лазаров да им даде шанса на што повеќе играчи да се наметнат во репрезентативниот дрес во пресрет на ЕП 2022.

Српскиот селектор Тони Џерона го објави списокот на ракометари за овој двомеч, на кој противникот ќе настапи без неколку стандардни ракометари.

Против Македонија ќе настапи пивотот на Нант, Драган Пешмалбек, кој неодамна доби српски пасош, а на списокот се наоѓа и голманот на Веспрем, Владими Цупара, потоа крилото на Пик Сегед, Богдан Радивојевиќ… Петар Ѓорѓиќ и Лазар Кукиќ од Бенфика…

За очекување е Лазаров за овој двомеч да одмори дел од клучните ракометари, а шанса да добијат поголем број на играчи од домашното првенство.

Се вчитува...