Лазаров, „крал на стрелците“ на стартот од квалификациите

Кире Лазаров е предводник на Македонија и во новиот квалификациски циклус, а нашиот капитен истовремено е и најдобар стрелец во првото коло од оваа рунда од квалификациите.

Асот на Нант постигна 11 погодоци на премиерниот дуел со Финска, бројка што не успеаја да ја достигнат останатите ракометари кои во изминатите два дена беа дел од овие квалификации.

Зад Лазаров се најде Финецот Гранлунд, кој постигна 10 погодоци на синоќешниот меч во Скопје, исто колку што имаа и Естонецот Том и Швајцарецот Шмид. Зад ракометарот на Рајн-Некар Левен на оваа ранг-листа се наоѓаат Данецот Лауге, Швеѓанецот Ване, Црногорецот Грбовиќ, Израелецот Померанц и Холанѓанецот Смитс, сите со по девет постигнати гола во првото квалификациско коло.

Се вчитува...