Лазаров: Македонија не мора да стравува за својата ракометна иднина

Капитенот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров целиот натпревар против Грузијаго проследи од клупа како што беше договорено. Тој генерално беше задоволен од изданието на ракометарите кои добија шанса на мечот.

„Мислам дека овие контролни средби се закажуваат токму за младите играчи да добијат искуство и рутина и со самото тоа ги оправдуваа очекувањата. Можеби имаше одредени грешки, но севкупниот впечаток мора да е позитивен. Младите играчи ја користат шансата што им се укажува и чекорат напред. Ако се продолжувака сметам дека Македонија не мора да стравува за својата иднина“, изјави Лазаров.

Според прогнозите Лазаров и вториот натпревар кој на програмата е утре ќе го проследи од клупата за резерви како младите би добиле шанса за докажување.

„Како што реков целта е да добиеме ракометари за репрзентација за настап на ЕП и токму затоа младите се тие кои играат. Да не заборавиме дека во Австрија ќе имаме пеколен ритам на натпревари, што тешко може да се издржи со една постава и затоа е неопходно да добиеме што повеќе млади играчи на вакви натпревари во репрезентативниот дрес“, заврши капитенот. 

Се вчитува...