Лазаров: Многумина ја отпишаа Македонија, сакам да им покажам дека не се во право

Најдобриот македонски ракометар на сите времиња Кире Лазаров и селектор на македонската сениорска ракометна репрезентација, исткана дека е голем предизвикот да се демантираат сите оние што ја имаат отпишано Македонија, па силно верува дека оваа селекција може да направи успешни резултати со голема сплотенсот и посветеност.

Во интервју за „Спортклуб“, Лазаров истакна дека како што минуваат годините, се повеќе посветува внимание на техниката и деталите.

„Добрата техника значи да се биде поквалитетен со помалку вложен физички напор. Се анализирам многу, а особено ги анализирам моите противници, како индивидуално, така и тимски. Да ме упатил некој на тој начин на размислување кога бев млад, ќе бев уште подобар играч. Целото мое досегашно искуство ќе го пренесам на младите, но не на сите, само на оние што го заслужуваат тоа.  Се надевам дека Македонија допрва ќе биде многу конкурентна, дефинитивно сонуваме за полуфинале и медал. Можеби е потребно време за сè да си легне, но ако не верував, не би го прифатил ниту овој тежок предизвик, во време кога сите се откажаа и ги „закопаа“ и играчите и репрезентацијата“, заклучи Лазаров.

 

Се вчитува...