Лазаров: Мора да ја прифатиме фаворитската улога, но мора и да бидеме претпазливи

Македонската ракометна репрезентација доби одлична група во ждрепката за Европското првенство 2024. Противници на „црвено-жолтите“ ќе бидат Португалија, Турција и Луксембург, селекции против кои можеме да очекуваме победа и покрај подмладувањето во репрезентатитивниот состав.

Селекторот Кирил Лазаров вели дека мора да се прифати фаворитската улога, но мора да настапиме и претпазливо во квалификациите.

„Мораме да бидеме реални и да кажеме дека сме задоволни од групата. Иако со нашиот менталитет и карактерни особини секогаш мораме да бидеме претпазливи, но сепак треба да кажеме дека имаме фаворитска улога за пласман на ЕП во оваа група“, изјави предводникот на Македонија.

Како потсетување, квалификациите ќе ги играме без Кире Лазаров и Филип Миркуловски па фокусот ќе биде насочен кон младите кои шансата за докажување ќе ја имаат веќе на Медитеранските игри.

„Медитеранските игри исто ќе ни послужат да испробаме и видиме играчи што би конкуирале за стартот на квалификациите за ЕП во октомври оваа година. Целта е да создадеме 20 до 25 квалитетни репрезентативци што би можеле да одговорат на обврските во било кое време и ситуација“, додава Лазаров.

Се вчитува...