Лазаров не може се сам – Нант шокиран од Мотор Запорожје

Кире Лазаров беше еден од најдобрите поединци во поразот на Нант од Мотор Запорожје со 31-32. Нашиот капитен беше најдобриот ракометар во својот тим, но и неговата одлична партија не беше доволна за победа на францускиот тим.

Нант подобро го отвори мечот, но сепак гостите се вратија и на полувреме се замина со резултат 18-18. И вториот дел помина во исто темпо, а гостите подобро се снајдоа во финишот што беше доволно за конечен триумф од 31-32.

Лазаров натпреварот го заврши со шест гола со што беше најефикасен во својот тим.

Се вчитува...