Лазаров низ солзи: Столе ми е потребен, тажен сум што тој и Миркуловски си заминуваат

Кире Лазаров не можеше да ги скрие солзите по натпреварот, емотивно простувајќи се од Стојанче Стоилов и од Филип Миркуловски.

„Горд сум на се што се случи на победата, но тагата е голема поради овие двајца. Тажен сум што си заминуваат, Столе ми е потребен. Тие знаат дека секогаш ќе бидам тука за нив, бидејќи навистина ме задолжија и мене и оваа репрезентација. Јас ќе пробам уште еднаш да го премислам бидејќи ќе ми треба на СП, ќе видиме дали ќе успеам“, изјави Лазаров.

Останува да се види дали Лазаров ќе успее во обидот да го премисли Стоилов, кој делува цврст на ставот денешниот меч ќе биде последен во неговата репрезентативната кариера.

Се вчитува...