Лазаров: Останавме должни, заслужуваме критики…Единствена светла точка се навивачите

ЕКИПА во Виена,

Стеван Цаневски

Македонската ракометна репрезентација се враќа дома, Австрија беше безмилосна, а капитенот Кире Лазаров реален по дебаклот, признава дека ракометарите останаа должни со прикажаните игри. Капитенот се извини од името на националниот тим и им заблагодари на навивачите за големата поддршка во Виена.

„Се уште стојам зад тоа дека можеме да играме со Австрија, сме ги победувале. Но, одигравме под наше ниво, со многу грешки, со многу промашени зицери. Морам да признам дека не изненадија со „фластер“ на мене, лесно е да се каже каде е грешката, но ние разочаравме со игрите. И навистина сме разочарани, во оваа група можевме многу повеќе. Сакам да им заблагодарам на навивачите. Ниедна репрезентација нема 5.000 навивачи во туѓина. Капа до под за нив. Од мое име сакам да им се извинам. Заслужуваме секаква критика, останавме должни. Ова е голем удар за нас и за македонскиот ракомет. Но, мора да се почне од почеток и не смееме да го загубиме тоа што го имаме, ракометот повторно да не радува“, изјави капитенот Кире Лазаров.

Се вчитува...