Лазаров: Овој меч ми ги отвори очите, да знам кого да повикувам во репрезентацијата во иднина

Ракометната репрезентација на Македонија со победа над Турција од 30-27 го завери настапот на Европското првенство кое на почетокот на следната година ќе се игра во Германија.

Селекторот Кирил Лазаров по мечот е задоволен од победата, но вели дека овој меч му ги отворил очите и во иднина ќе знае кој ќе биде повикан во репрезентацијата.

„Бевме фаворити на хартија. Ова не е истиот тим на Турција бидејќи имаа двајца поквалитетни ракометари. Мора да бидеме подготвени ментално против секој противник. Одлика на големи екипи е да се вратиш од минус четири. Воочив некои работи и во иднина ми е јасно кого ќе повикам во дресот на Македонија. Ми се отворија очите бидејќи работи што се повторуваат треба да се решаваат. Честитки за момците бидејќи не е исто да завршиш со победа или со пораз. Многу работи ќе менуваме во иднина“, изјави Лазаров. 

Се вчитува...