Лазаров промаши шут за победа – Нант само до реми против Лемго

Кирил Лазаров и неговиот Нант одиграа без победник 37-37 на гостувањето кај германскиот Лемго во 8. коло од групата Б во Лигата на Европа. Французите може да жалат што не стигнаа до полн плен на натпреварот бидејќи на нешто повеќе од пет минути до крајот на мечот имаа и плус четири 30-34.

Сепак, следеше голем пад кој го искористија домаќините и на крајот успеаја на минута до крајот да израмнат на 37-37. Во последниот напад нашиот селектор и капитен не успеа да реализира и на крајот мечот заврши без победник 37-37.

Лазаров доби мала минутажа на овој меч кој на крајот го заврши без постигнат гол од само два упатени удари кон голот на противникот.

 

 

Се вчитува...