Лазаров: Репрезентацијата е светост, да го предводиш тимот на паркетот и да ја пееш химната е огромна работа

Легендата на македонскиот ракомет, Кирил Лазаров по долгите години „решетање“ на противничките мрежи, откако го прифати предизвикот да седне на клупата на „црвено-жолтите“, утре и официјaлно ќе започне со пишување на нова страница во својата кариера.

Капитенот на македонската репрезентација пред првиот собир како селектор и дебито на „жешкото столче“ на нашата репрезентација за ЕХФ кратко ја опиша својата кариера, збореше за почетоците, предизвиците, фамилијата, тренерите со кои се има сретнато досега, и она што допрва следува.

„Има момент во животот кога патиштата се вкрстуваат. Само што наполнив 40 години, има многу работи кои ме очекуваат, но и многу искуства зад мене. Имам многу сеќавања и емоции, но и соништа и очекувања за во иднина. Можеби постигнав многу голови, подигнав трофеи и се уште ќе целат на тоа во следните месеци, но наскоро сето ова ќе му припаѓа на минатото. Во февруари беа најавен за тренер на македонската репрезентација и тоа значи многу за мене, но не дојдов тука преку ноќ“ – започнува Лазаров.

Лазаров е благодарен на своите родители и на неговото семејство за долгогодишната поддршка, за сите денови кои наместо со нив ги има поминато на долгите патувања и мундијали, но кога е во прашање Македонија, нема друга опција.

„За мене играњето за репрезентацијата е светост, а кога сте капитен тоа чувство е многу подлабоко. Да го предводиш тимот на теренот и да ја пееш химната е огромна работа, „пукам“ од радост секој пат. Наскоро повторно ќе ја имам оваа задача, и ќе носам нови битни одлуки. Дали со дресот, или не, кој знае, но да седам на клупата на мојата држава е огромна чест. Дали има притисок? Секако дека да, бидејќи секогаш сакаме да победуваме и заедно да славиме“ – додава првиот човек на македонската репрезентација.

Целиот текст можете да го прочитате на овој линк.

Се вчитува...