Лазаров: Швајцарците ме изнервираа, заборавија дека ние ја победивме Данска

Кире Лазаров не го криеше задоволството по третата победа како селектор на Македонија, на четвртиот меч што нашиот најдобар ракометар го минува како играч-кормилар на националниот тим.

Притоа, Лазаров напомена дека како мотив за него послужија изјавите на швајцарските ракометари пред мечот дека сигурно ќе победат доколку одиграат како на претходниот меч со Данска.

„Искрено, ме изнервираа тие изјави на швајцарските репрезентативци, кои говореа дека биле блиску до триумф со Данска. Очигледно заборавија дека ние пред неколку месеци ја победивме Данска, дека треба да покажат повеќе почит кон нас. Задоволен сум, останавме чесни пред нас, се боревме до самиот крај и сметам дека заслужено победивме“, прокоментира македонскиот капитен и селектор.

Се вчитува...