Во рамки на ЕХФ неделата нашата сениорска селекција ќе оддигра двомеч против селекцијата на Словенија. Нашата сениорска репрзентација првиот натпревар ќе го оддигра во СЦ „Борис Трајковски“ на 12.03. 2025 година со почеток во 20.00 часот, а потоа на 16.03. 2025 ќе гостува во Словенија, а натпреварот ќе се оддигра во Копер со почеток во 18.30 часот.
На првиот собир кој беше закажан денеска говореше селекторот Кирил Лазаров…
„По СП прв настап пред домашна публика. Гледате и самите дека владее голем интерес и нацијата е желна за квалитетен ракомет. Играме против квалитетен противник кој играше полуфинале на ЛОИ и заврши на 5. место на последното ЕП. Една многу сериозна селекција која е технички добро поткована и знае што сака од натпреварот. Ќе пробаме максимално да го искористиме краткиот период што го имаме и да се прикажеме во добро светло. Селекцијата на Словенија е во топ 8 во светот. Знаеме што сакаме и се надеваме дека во среда ќе не краси добар ден. Ќе се бориме до последен момент и да веруваме во позитивен резултат. Нема да биде лесно, но се надевам дека со борба достојно ќе им се спротиставиме. Не се оптеретуваме со противникот и ќе гледаме ние да бидеме на посакувано ниво. Треба да го играме нашиот стил кој го игравме и на Светското првеснтво. Имаме млада и полетна екипа“, изјави Лазаров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА