Лазаров со гол за победа против Монпелје и финале за Нант во купот на Франција

Кирил Лазаров уште еднаш покажа зошто е еден од најдобрите ракометари на сите времиња. Иако веќе некое време работи и како селектор во Македонија, кога се во прашање важните шутеви се уште и тоа како е подготвен да решава натпревари.

Во една трилер завршница во купот Нант славеше над Монпелје со 27-28, а токму голот за победа го постигна македонскиот интернационалец. Монпелје имаше предност од 26-24, но со фуриозен финишт Нант успеа да стигне до победа. Лазаров натпреварот го заврши со само два гола, но еден беше токму победничкиот.

Во финалето Кирил Лазаров и Нант ќе се сретнат со Шамбери Савоа кој исто така во неверојатен натпревар успеа да направи сензација против големиот фаворит Пари Сен Жермен совладувајќи го со 29-28.

 

Се вчитува...