Лазаров со нов трофеј во фантастичната колекција

Кирил Лазаров и неговиот Нант стигнаа до титулата во францускиот Лига куп откако вечерва во финалниот натпревар без поголеми проблеми славеа над Шамбери со 21-28. По вчерашната трилер победа над Монпелје во полуфиналето во која повторно херој беше македонскиот селектор и капитен, денеска само ја потврдија фаворитската улога ракометарите на Нант.

Уште од самиот старт Лазаров и соиграчите ја покажаа разликата во квалитет и на полувреме заминаа со позитива од три гола (13-10). Во вторите триесет минути успеваа да го контролираат резултатот и на крајот да стигнат и до рутински триумф од 21-28.

Ова за Нант е втора титула во ова натпреварување по таа во 2015 година, а Кирил Лазаров го додаде и овој трофеј во богатата колекција.

Се вчитува...