Лазаров со порака: Да бидеме обединети и сложни како никогаш досега…

Нaјдобриот македонски ракометар, Кире Лазаров, се наоѓа во Нант, каде тренинзите на неговиот тим се запрени поради заштита од коронавирусот. Тој преку својата фејсбук-страница испрати порака до македонската јавност, барајќи

„Како никогаш досега обединети и сложни треба заеднички да ја извојуваме оваа победа. Најтешките победи секогаш се и најслатки. Да бидеме чесни, свесни, дисциплинирани, одговорни кон себе и кон сите граѓани на Македонија. Да ги следиме и почитуваме сите упатства од одговорните институции, така ќе придонесеме за побрзо решавање на новонастанатата ситуација со коронавирусот. Моето искуство кажува дека се се случува со причина за наше подобро утре, да останеме позитивни, со многу верба и максимална дисциплина. Само со овој начин можеме да стигнеме до целта“, порача Лазаров преку видео-пораката до македонската јавност.

 

Се вчитува...