Лазаров со поширок список за Чешка: Со сите сили по билет за СП 2023

Селекторот Кире Лазаров го објави поширокиот список од 35 ракомети кои ќе бидат во комбинација за настап на бараж-двомечот со Чешка, за пласман на претстојниот ракометен мундијал.

На списокот се наоѓаат играчите кои го понесоа товарот во претходниот бараж со Романија, а новост е вклучувањето на Иван Џонов од Пролет и Милан Лазаревски од Тримо Требње. Лазаров дополнително ќе објави скратен список на играчи кои ќе се појават на подготовките на националниот тим.

Првиот натпревар од овој двомеч ќе се игра во Злин, Чешка на 13.04.2022 во 20:15 часот, а реваншот е на 17.04.2022 во Скопје во 19:00 часот.

Се вчитува...