Лазаров со проверени сили ќе и се спротистави на Данска во мартовските квалификации

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров го скрати списокот за квалификацискиот двомеч против Данска за пласман на Европското првенство 2022 година. На списокот се наоѓаат 23 ракометари, а во репрезентацијата се враќаат Дејан Манасков и Гоце Георгиевски кои не беа дел од националниот тим на Светското првенство во Египет.

Првиот натпревар меѓу двете репрезентации ќе се игра во Скопје на 11. март, додека вториот е закажан за три дена подоцна во Алборг.

 

Се вчитува...