Лазаров: Треба да градиме победнички менталитет за овие млади играчи

Кире Лазаров е свесен за големината на предизвикот пред двомечот со Исланд, но капитенски порачува дека приоритет во следниот период мора да биде создавање на победничка атмосфера во националниот тим.

Нашата репрезентација е горе-долу со сличен играчки кадар, добро со познаваме и мислам дека ќе немаме многу промени во играта иако имаме нов селектор. Она што е клучно според мене е да создаваме победнички менталитет, нешто што ќе го пренесеме и врз младите играчи што се дел од овој национален тим. Очекувам добри натпревари, се надевам дека ќе освоиме најмалку еден бод со кој би направиле значаен чекор напред кон пласманот на ова ЕП“ – истакна капитенот Лазаров.

Според него, играчите на двете селекции премногу добро се познаваат за да дојде до поголеми тактички изненадувања.

„Добро се познаваме со Исланѓаните, со кои имаме одиграно бројни натпревари, имаме и победувано и губено против овој ривал. Најсвежо сеќавање ни е оној последен пораз во Минхен, каде водевме во поголемиот дел од средбата, но потоа загубивме со тесен резултат. Исланд е солидна репрезентација иако е подмладена, има извонреден селектор кој е актуелен олимписки првак со селекцијата на Данска. Ние имаме нов селектор, ќе ги извршуваме задачите што ќе ни бидат дадени од него, се со цел да дојдеме до посакуваниот резултат. Тој најави некои промени, пред се нема да играме „седум на шест“ како на последното СП, наше како ракометари е идеите на селекторот да ги спроведуваме на дело“ – порача Лазаров.

Се вчитува...