Лазаров: Вардар нека биде инспирација и на репрезентацијата

Македонските ракометари по напорните сезони, вообичаено сезонава ќе ја завршат со настапи во репрезентивниот дрес. В сабота почнуваат подготовките, нашите репрезентативци на 12 јуни гостуваат во Турција, а четири дена подоцна со домашниот меч со Грција ќе стават крај на успешниот квалификациски циклус, со обезбеден пласман на уште едно големо натпреварување.

Кире Лазаров ќе биде предводник на „црвено-жолтите“ и на овие две средби, во обид да се остане на врвот на групата и да се добијат нешто последни ривали на ЕП 2020. Токму затоа, капитенот предупредува дека натпреварите се многу важни и ривалите не смеат да се потценат, но и порача дека репрезентацијата треба да го искористи Вардар како инспирација при своите настапи.

„Секогаш се чувствувам добро кога играм за репрезентацијата, горд сум што толку многу години го имам носено овој дрес. Се наоѓаме во добра позиција, но мораме да ја завршиме сезоната успешно. Грција и Турција можеби не се ривали од прва класа, но мораме да играме многу сериозно против нив. Треба да победиме на двете средби и ќе сториме се за да стигнеме до бодовите. Сакам да му честитам на Вардар за исполнување на „невозможната мисија“. За нас тој успех е многу важен бидејќи ракометот останува спорт број 1 во Македонија“ – изјави Лазаров.

Се вчитува...