Кире Лазаров успеа да состави моќен колектив од македонската ракометна репрезентација, покажувајќи тренерска генијалност како што тоа со години го правеше и како играч.
Македонскиот селектор е во центарот на вниманието во Вараждин, па така Лазаров за хрватските медиуми говореше за најразлични теми, меѓу нив и за подмладувањето во националниот тим, за тренажниот процес, но и работата со нашите ракометари.
„Се уште имаме резерви во тренажниот процес. Тешко е да се принудат Македонците да не одат по кафеани и да не го јадат тоа што го јадат. Физички заостануваме зад Скандинавците, тешко е да се држиме во чекор со нив. За успехот вреди да се жртвувате. Овде сакаме успех, но сакаме и да живееме. Ако го разбереме тоа, ќе бидеме поблиску. Еве до каде сме. Оваа генерација е во подем…“, изјави Лазаров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА