Лазаров: Жал ми е што не победивме, но овој резултат да ни го понудеа пред мечот со две раце ќе го прифатев!

ЕКИПА во Злин, Чешка

Стеван Цаневски

Македонија одигра натпревар по ноти против Чешка, но за жал не успеа да дојде до посакуван триумф само поради финишот во кој домашните ги искористија своите пет минути.

Македонскиот селектор Кире Лазаров не крие дека е задоволен од изданието на своите избраници, но жали што не е освоена барем минимална победа која ќе донесеше радост за неговите избраници. Иако е јасно дека имаме позитивен резултат кој ќе треба да се потврди на реваншот во Скопје во недела, 17. април.

„На момците веднаш по мечот им честитав за одиграното и храброста затоа што да бидеме искрени никој не очекуваше еден таков натпревар против фаворизираната Чешка во кој во еден момент имавме и седум гола предност (10-17). Испучитувавме се што бевме договорено, но на крај ете ни се случи резултат кој ќе не држи будни за реваншот“ – ни изјави Лазаров веднаш по мечот, веднаш дополнувајќи:

„Знам дека ги изненадивме Чесите и сега за реваншот сигурно ќе се подготват уште подобро. Знам дека имаме добар резултат кој сме го немале во еден ваков бараж натпревар. Ако некој ова ми го понудеше пред натпревар, јас како селектор со две раце ќе го прифатев затоа што знаеме која е Чешка и каква репрезентација е. Но, мора да кажам дека и жалам што не победивме, па макар минимално но ете на крај не реализиравме и некои зицери. Жал ми е што момците не се израдуваа на крај, затоа што ете имавме крај на дуелот каков што имавме а навистина заслуживме победа. Тажни се само поради резултатот, а не поради играта која навистина беше на високо ниво, со колективот во преден план онака како што треба против една европска селекција. Треба добро да се подготвиме за реваншот и со ладни глави да пристапиме на дуелот со далеку поголема агилност и во нападот и во одбраната за да се пласираме на Светско првенство. А за денеска, се на се навистина преодна оценка. Мора да бидам задоволен, не можам поинаку!“

Се вчитува...