Лазим Дестани на трибините во Тетово, со селекторот Ангеловски (ФОТО)

Сопственикот на Шкендија, Лазим Дестани има ретка можност да ги следи натпреварите на својот тим во македонското првенство. Но, овој пат пред заминувањето за Милано, Дестани е на трибините во Тетово каде го следи дерби дуелот со македонскиот шампион.

Во ложата на Градскиот стадион во Тетово е и селекторот Игор Ангеловски кој „снима“ дел од потенцијалните репрезентативци од двата тима за септемвриските квалификациски натпревари за пласман на СП 2018 во Русија.

Се вчитува...