Лазовиќ: Игравме и со глава и со срце…

EКИПА во Будимпешта,

Билјана Б.Петрушева, Игор Паневски

„Вардарки“ имаат за што да слават по извонредниот настап во полуфиналето и убедливата победа над екипата на ЧСМ Букурешт, како слатка одмазда за ланскиот пораз од истиот противник. Задоволни од огромниот триумф, „црвено-црните“ сепак остануваат цврсто на земја свесни дека најтешкото допрва доаѓа – утрешниот финален дуел против Ѓер.

Одигравме како што се договоривме, навистина покажавме дека сме вистински тим, дека сме силни на скоја позиција. Ни се исполни големата желба, ќе играме во финалето, а знаете како е таму – еден натпревар во кој нема што да се загуби, а може многу да се добие. Игравме и со глава и со срце, не смееме да застанеме, туку треба да сториме се за да стигнеме до големиот пехар. Игравме навистина добро, имавме одлична енергија во екипата. Се функционираше како што треба, голманите, одбраната, полуконтрите и нападот, треба да бидеме на исто ниво и утре“ – изјави Барбара Лазовиќ.

Словенечката репрезентативка смета дека домашниот терен колку што ќе претставува предност, толку ќе биде и товар за Ѓер поради психолошкиот притисок што ќе го носат полните трибини.

Притисокот ќе биде многу поголем врз Ѓер поради фактот дека ќе игра како на домашен терен. Сепак, ова е финале, се треба да се заборави, мораме да излеземе и да го оставиме срцето на терен, да испишеме историја за нас, за Вардар за цела Македонија и ги израдуваме сите наши навивачи“ – истакна Лазовиќ.

Се вчитува...