Лазовски ги собра кошаркарките: Без повредените, но со голема желба за докажување

Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија го одржа првиот тренинг со кој е означен почетокот на кусиот подготвителен период во пресрет на квалификациите за Европското првенство што во 2019 година ќе се одржи во Летонија и во Србија. Селекторот Марјан Лазовски и неговите асистенти беа приморани да направат неколку промени на составот поради несреќните повреди на Јелена Антиќ, Ана Тантуровска и на Ивона Пејковска. Трите одлични кошаркарки нема да му бидат на располагање на селекторот, но недостатокот ќе биде исполнет со огромната желба за докажување на теренот, тимска хемија и агресивност.

kosarkarki 2„Од тимот кој го имавме на почетокот недостасуваат шест играчи – три што се во Америка и од објективни причини не можат да дојдат како и тие кои се отсутни поради несреќните повреди во изминатата недела. Антиќ и Пејковска имаат повреда на лигаментите, а Тантуровска има скршеница на две ребра, па на нив три нема да можеме да сметаме во овој прозорец. Јас верувам во овие девојки. Атмосферата што веќе ја има во репрезентацијата ќе ја кренеме на уште повисоко ниво и недостатококот од играчите ќе го надополниме со борбеност, агресивност и со жртвување на теренот за да постигнеме што подобри резултати. Италија ни е првиот противник. Станува збор за исклучително силна репрезентација која има континуитет на настапи на европските првенства. Ќе направиме една добра хемија во тимот, да и се претставиме што подобро на домашната публика и да пружиме што поголем отпор на противниците. И да ни се укаже најмала шанса ќе се обидеме да ја искористиме“, вели селекторот Лазовски.

Се вчитува...