Лазовски и девојките чесно и гордо против фаворизираните Италијанки (ФОТОГАЛЕРИЈА)

И наспроти апсолутно аутсајдерската улога пред пресметката со Италија во квалификациите за ЕП 2019, македонската женска репрезентација предводена од Марјан Лазовски максимално одважно, чесно и гордо се впушти на мегдан со фаворизираниот противник…

Иако, за жал, пред мал број навивачи во „Јане Сандански“, девојки на Лазовски до последните секунди одиграа во речиси рамноправен ритам со Италијанките. Без разлика на поразот, иако и без повредените Антиќ и Тантуровска, на крајот остана впечатокот дека и тоа како уште што имаат да покажат македонските кошаркарки низ овој квалификациски циклус во кој се уште со селекциите на Шведска и Хрватска…

[new_royalslider id=”844″]

Се вчитува...