ЛЕ: Алиоски и Фенер директно во осминафинале, Рома ги надигра Бугарите

Езгјан Алиоски и неговиот Фенербахче славеа со 0-2 на гостувањето кај Динамо Киев и го осигураа првото место во групата „Б“, а со тоа и директен пласман во осминафиналето од разигрувањето за титула. До победа турскиот тим го предводеа Гулер и Арао со голови во првото полувреме.

Место во групната фаза осигура и Рома која во натпреварот „да се биде или не“ со пресврт славеше со 3-1 против Лудогорец. Бугарскиот тим имаше предност од 42. минута, но со голови во 56, 65 и 85 минута „волчицата“ успеа да направи целосен пресврт.


Во осминафиналето се пласираа: Ференцбарош, Реал Сосиедад, Фрајбург, Фејенорд, Арсенал, Бетис, Ројале Унион, Фенербахче

Во шестнаестфиналето ќе разигруваат: Монако, Манчестер Јунајтед, Нант, Мидтјуланд, ПСВ, Рома, Унион Берлин, Рен

Во Конференциската лига продолжуваат: Трабзонспор, Шериф, Карабак, Лацио, Бодо/Глимт, Лудогорец, Брага, АЕК Ларника

Се вчитува...