ЛЕ: Арсенал поразен во Лондон, Спортинг го „торпедираше“ ПСВ за европска пролет

Арсенал загуби од Ајнтрахт Франкфурт во 5. коло од Групата Ф во Лигата на Европа пред своите навивачи, па Германците во последното коло остануваат во битка за првите две позиции на табелата кои носат до европска пролет.

„Топчиите“ загубија со 1-2. Победата на тимот од Франкфурт ја донесе Камада со двата погодоци во второто полувреме, откако Арсенал поведе во 45. минута со голот на Обамејанг.

Спортинг Лисабон на македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски, пак, си обезбеди нокаут фаза од Лигата на Европа откако славеше убедливо со 4-0 против ПСВ.

Интересно ќе биде во групите Б и Ц каде по три екипи со подеднакви шанси влегуваат во битката за првите две места кои обезбедуваат пласман понатаму во второто по квалитет европско клупско натпреварување.

ЛИГА ЕВРОПА – 5. КОЛО

ГРУПА А

Севилја – Карабах 2-0

Дуделанж – АПОЕЛ 0-2

ГРУПА Б

Лугано – Копенхаген 0-1

Малме – Динамо Киев 4-3

ГРУПА Ц

Краснодар – Базел 1-0

Трабзонспор – Гетафе 1-0

ГРУПА Д

Спортинг – ПСВ 4-0

Розенборг – ЛАСК 1-2

ГРУПА Е

Селтик – Рен 3-1

Лацио – Клуж 1-0

ГРУПА Ф

Арсенал – Ајнтрахт Ф. 1-2

Гимараеш – Стандард 1-1

Се вчитува...