ЛЕ: Барселона, Ренџерс, Аталанта и Брага се први четвртфиналисти

Барселона, Ренџерс, Аталанта и Брага се првите четвртфиналисти во Лига Европа откако во денешните реванш средби успеаја да стигнат до голема победа или пак да ја задржат предноста стекната во првите меѓусебни дуели.

Барселона славеше со 1-2 по пресврт во Истанбул против Галатасарај. Маркао ги донесе домаќинтие до предност во 28. минута, но веќе во 37. минута Педри го изедначи резултатот за Обамејанг во 50. минута да донесе целосен пресврт.

Брага и Монако ремизираа со 1-1, но португалскиот состав е тој кој со победата од 2-0 во првиот меч стигна до место меѓу најдобрите осум екипи во Лига Европа. Руиз стелаше за гостинскиот состав во 20. минута за 0-1, а резултатот го изедначи Диасаи во последната минута од регуларниот дел на мечот.

Црвена Звезда славеше со 2-1 во Белград против Ренџерс, но не успеа да ја надопилни негативата од 3-0 по првиот меч. Белграѓани стигнаа до предност во 10. минута преку Иваниќ, а откога гостинскиот состав изедначи на 1-1 преку Кент во 56. минута, конечниот резултат го постави Ел Фарду од пенал во 93. минута.

Место меѓу најдобрите осум екипи избори и Аталанта која го доби гостувањето кај Баер Леверкузен со 0-1. До победа италијанскиот тим го предводеше Бога со гол во 91. минута за конечни 2-4.

Се вчитува...