ЛЕ: Фенер и Алиоски во 92. минута до реми против Рен, Тричко и АЕК со прва победа,

Езгјан Алиоски и Фенербахче по воведната победа успеаја да стигнат и до бод на гостувањето кај Рен откако ремизираа со 2-2. Териер и Мајер ги предовеа Французите до предност од 2-0, но откако Кавечи намали на 2-1, турскиот состав со пенал во 92. минута кој го реалзираше Валенсија остана непоразен.

Алиоски натпреварот го започна од клупата, а доби шанса во 57. минута.

Иван Тричковски и неговата АЕК Ларника стигнаа до првата победа во Лига Европа откако славеа на гостувањето кај Динамо Киев во 0-1 благодарение на голот на Адам Ѓурчо во 8. минута од средбата.

Македонецот натпреварот го започна од првата минута, а беше заменет во 64. минута.

До првата победа во натпреварувањето стигна и Рома која славеше на домашен терен против ХЈК со 3-0. Бодо/Глимт го одбрани домашниот терен со победа од 2-1 против Цирих, Бетис славеше на домашен терен против Лудогорец со 3-2, Брага против Унион Берлин со 1-0. Малмо без Ракип загуби на гостувањето кај Ројале Унион со 3-2.

Се вчитува...