ЛЕ: Франкфурт ја торпедираше Барса на „Камп Ноу“, Вест Хем без грешка во Франција до полуфинале

Ајнтрахт Франкфурт ја елиминираше Барселона во четвртфиналето од Лига Европа откако по ремито во Германија, славеше со 2-3 на „Камп Ноу“ приредувајќи вистинска сензација во второто по ранг фудбалско натпреварување во Европа.

Костиќ го отвори мечот во 4. минута преку белата точка, а веќе во 36. минута Боре со одличен погодок донесе водство од 0-2. Шокот повторно го приреди српскиот интернационалец кој во 67. минута стави крај на надежите на каталонците за камбек. Поразот успеаја да го ублажат Бускетс во 91. минута и Депај кој реализираше пенал во 101. минута за 2-3.

Во полуфиналето се пласираше и Вест Хем кој по ремито со Лион во Лондон, славеше со 0-3 на гостувањето во Франција.

Даусон во 38. минута донесе предност од 0-1 за гостите, а кога се чинеше дека „чекичарите“ ќе ја задржат минималната предност и на полувремето, Рајс со гол во 44. минута донесе 0-2. Дилемите за победник ги реши Боувен во 48. минута.

Ајнтрахт Франкфурт и Вест Хем во полуфиналето му се приклучија на Франкфурт кој славеше во дуелот против Аталанта, а последниот патник ќе биде одреден по продолженијата на мечот помеѓу Ренџерс и Брага.

Се вчитува...